
CBS / НАШИОТ ТРЕНЕРСКИ ТИМ
Виктор Ѓорѓиевски
Тренер по бокс и кикбокс
Основач на CBS Flex Prime · главен тренер
Виктор Ѓорѓиевски започнува да тренира бокс и кикбокс на 14-годишна возраст, кога ја започнува својата спортска приказна исполнета со посветеност, дисциплина и љубов кон боречките спортови.
Тој е еден од основачите „CBS Flex Prime“, а моментално ја извршува функцијата главен тренер на боксерскиот и кикбоксерскиот клуб во CBS Flex Prime.
Во текот на својата спортска кариера, Виктор има освоено повеќе меѓународни турнири, а се има закитено и со титулата државен шампион. Од 2009 до 2015 година бил државен репрезентативец, претставувајќи го својот спорт на национално ниво.
Денес, неговата најголема мотивација е да го пренесе своето знаење, искуство и љубов кон боксот и кикбоксот на најмладите. Неговиот сон е да работи со деца, да ги учи на дисциплина, самодоверба, упорност и почит, и да создава нови генерации успешни спортисти и идни шампиони.
За Виктор, тренерската работа не е само спортска професија, туку можност да влијае позитивно врз животот на младите и да им помогне да ги откријат и достигнат своите потенцијали, и во рингот и надвор од него.