CBS✦
Фотографија доставена за профилот на Гордана Цветковска Бошевска

CBS / НАШИОТ ТРЕНЕРСКИ ТИМ

Гордана Цветковска Бошевска

Виш спортски тренер

20+ години тренерско искуство

КИК БОКС
ПРИЈАВИ СЕ ЗА ТРЕНИНГ →

Дипломиран криминалист и детектив, со специјалистичко образование во областа на криминалистиката и квалификација за виш спортски тренер. Поседува над 20 години работно искуство како тренер во боречките спортови.

Повеќекратна државна првенка во карате и кик-бокс, со освоени медали на светски и европски првенства: сребрен медал на Светското првенство во карате во Марина ди Карара, Италија (2009), бронзен медал на Европското првенство во кик-бокс во Атина, Грција (2010), сребрен медал на Светското првенство во кик-бокс во Скопје (2011) и бронзен медал на Европското првенство во кик-бокс во Букурешт, Романија (2012).

Петкратно прогласена за најдобар спортист на Битола, четирикратна добитничка на признанието за најдобра сениорка од Кик-бокс федерацијата на Република Македонија и номинирана за спортист на Македонија во 2011 и 2012 година.