CBS✦
Фотографија доставена за профилот на Александар Димитријоски

CBS / НАШИОТ ТРЕНЕРСКИ ТИМ

Александар Димитријоски

Џудо тренер · ICC Judo Coach · 2. ДАН

Меѓународен ICC Judo Coach

ЏУДО
ПРИЈАВИ СЕ ЗА ТРЕНИНГ →

Александар Димитријоски е искусен џудо тренер со богата натпреварувачка и тренерска кариера. Во текот на својата натпреварувачка кариера има освоено повеќе титули државен шампион, од пионерска до сениорска конкуренција, како и сребрен медал на Балканско првенство.

Како меѓународно едуциран тренер, своето професионално искуство го надградувал работејќи како џудо тренер во Унгарија и Англија. Дополнително, учествувал на бројни стручни семинари и тренинг-кампови, континуирано усовршувајќи ги своите знаења и тренерски пристапи.

Неговата работа е насочена кон правилното усвојување на џудо-техниките, развојот на спортските способности, индивидуалниот пристап и создавањето безбедна и мотивирачка средина за деца, млади и возрасни. Посебен акцент става на дисциплината, самодовербата, почитта и постепениот развој на секој спортист — од првите чекори во џудото до натпреварувачкото ниво.